
Еден од осомничените за пожарот во Кочани даде изјава. На новинарско прашање дали се чувствува виновен, тој одговори: „Не се чувствуваме виновни, ние сме херои. Спасивме 200 луѓе. Јас до последен момент останав во огнот. Ги вадев сите деца, ги спасував како мои. Имам две малолетни деца“.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одржа прес-конференција. Тој рече дека од разговор со член на ДНК утврдиле дека бендот ги донел пиротехничките средства.
„За жал, лицето кое било задолжено за нивна употреба е починато. Во врска со пиротехничките средства, ќе биде доставен извештај до Јавното Обвинителство. Потоа ќе достават барање до МВР. Дополнително ќе се утврди дали тие можеле да се користат без сертификат. Констатирани се низа неправилности во објектот, кои ги напомена јавниот обвинител“, додаде Тошковски.
По трагичниот настан во Кочани, во кој загинаа над 59 лица, а над 100 се хоспитализирани, на социјалните мрежи се шири повик за протест.


