
Сеизмичката активност во регионот на Истанбул не престанува. Утрово (26 април) беше регистриран нов земјотрес. Тој беше со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на овој потрес бил на длабочина од седум километри. Ова е дел од серијата земјотреси што го погодија Истанбул. Активноста започна минатата недела.
Најсилниот удар што беше почувствуван неодамна беше со јачина од 6,2 степени. Тој предизвика голема вознемиреност и материјална штета. Имаше и над 200 повредени, главно поради паника.
Поради континуираните потреси, многу граѓани се сè уште загрижени. Тие стравуваат за својата безбедност. Голем број од нив и изминатата ноќ ја поминале надвор од домовите.
Тие преноќиле во паркови, на излетнички места или во јавни објекти. Како привремени засолништа се користат и спортски сали и џамии. Властите и хуманитарните организации продолжуваат да пружаат поддршка.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден







