Американскиот сенатор Линдзи Греам, републиканец од Јужна Каролина, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи со необична објава на „Икс“, во која го повикува Ватикан да го разгледа Доналд Трамп како можен избор за нов папа.
„Бев возбуден кога слушнав дека претседателот Трамп е отворен за идејата да стане следниот папа. Навистина би бил кандидат во сенка, но би ја замолил конклавата и католичките верници да бидат со отворен ум за оваа можност! Првата комбинација папа-претседател на САД има многу предности. Ние го следиме белиот чад… Трамп MMXXVIII!“, напиша Греам на платформата.
Коментарот доаѓа по изјавата на Доналд Трамп дадена претходниот ден, каде за време на прес-конференција рече: „Би сакал да бидам папа. Тоа би бил мојот прв избор“, кога беше прашан за мислење околу конклавата што ќе го избере следниот папа.
Трамп додаде дека нема фаворит, но спомена дека надбискупот на Њујорк, Тимоти Долан, би можел да биде добар избор: „Не знам. Немам фаворит. Но морам да кажам дека имаме кардинал од место наречено Њујорк кој е многу добар, па ќе видиме што ќе се случи“, рече тој.
Линдзи Греам е познат по своите флексибилни политички ставови, особено кога станува збор за неговата поддршка на Доналд Трамп и неговиот став за надворешната политика.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден