Принцезата Дајана, која денес ќе имаше 64 години, и речиси три децении по нејзината трагична смрт, останува мистериозна фигура.
Освен за нејзината улога како мајка на принцовите Вилијам и Хари, долго време кружат гласини дека таа и принц Чарлс имаат и тајна ќерка – Сара Спенсер.

-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Според британски таблоиди и разни теории на заговор, Сара е „пробно дете“ родено по ин витро оплодување, иницирано од кралицата Елизабета, која сакала да се увери во плодноста на идната снаа пред официјалниот брак. Наводно, лекарот кој учествувал во процесот го искористил генетскиот материјал на Чарлс и Дајана и го вградил во сурогат-мајка, можеби неговата сопруга.
Сара наводно е родена во 1981, пред Вилијам, и по смртта на Дајана во 1997 година, избегала во Америка поради страв за својот живот. Сличноста со покојната принцеза и вниманието што ги буди нејзините фотографии предизвикуваат сè поголем интерес на јавноста, иако никогаш не се појавиле официјални докази за оваа теорија.




