И покрај тоа што платите достигнуваат и до 2.000 евра месечно, сточарите од Штип и годинава мака мачат да најдат овчари во критичната сезона одгледување овци – периодот од Митровден до Ѓурговден. Работата е тешка, а младите не остануваат долго, велат локалните сточари.
„Им нудевме плата од 1.500 до 2.000 евра месечно, што значи од 9.000 до 12.000 евра за шест месеци. Но млади овчари по една-две недели си заминуваа. На крајот моравме да бараме луѓе со поголема плата“, велат одгледувачи од штипскиот регион.
Според сточарите, иако се најавија мерки како намалување на лимитот за откуп од 50 на 30 проценти, тие дојдоа предоцна – кога веќе завршила откупната сезона. Се надеваат дека тоа ќе има позитивен ефект за наредната година.
Во селата околу Радовиш и Штип, каде што тутунарството е основна дејност, потенцијалните овчари одбивале и плати од 2.000 евра. „Оваа година тутунот им беше поисплатлив“, велат сточари од Криви Дол.
Проблеми има и со чувањето на стадата по завршувањето на сезоната. Џемаил и Али од радовишките села Калаузлија и Коџалица, кои работеле како овчари, велат: „Работата е тешка, особено со јагнињата, но платата беше добра. Имавме храна и сместување. Како ќе биде следната година – ќе видиме.“
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден