
Премиерот Христијан Мицкоски најави големо задолжување на државата во износ од до 1 милијарда евра, наменето за изградба на патна инфраструктура. Најавата предизвика реакции во јавноста, особено откако не беше прецизирано од каде точно ќе се обезбеди тој капитал.
Заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, вечерва во емисијата „Бизнис21“ потврди дека идејата е иницирана од премиерот и неговиот тим. „Се работи за финансирање на локални, регионални и експресни патишта. Износот може да се движи од 500 милиони до 1 милијарда евра“, изјави Јанкуловски.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Сепак, тој не откри од каде ќе дојдат средствата, додавајќи дека „тоа ќе го соопшти премиерот, бидејќи станува збор за дел од поголем инвестициски пакет од 5 до 6 милијарди евра кој ќе се реализира во наредните неколку години“.
Овој проект е најавен како дел од поширока стратегија за развој на инфраструктурата, но засега останува нејасно кои ќе бидат изворите на финансирање и условите под кои ќе се обезбеди кредитот.


