Дозвола издадена од Општина Кавадарци за изградба на две мали хидроцентрали го вознемири југоистокот на државава.
Хидроцентралите се планирани на планинската рекичка Дошница, на планината Кожуф. Месноста Смрдлива Вода изминативе денови беше место на протести. Повеќе граѓански здруженија организираа неколкудневни блокади.
Блокади и протести за спас на реката Дошница
Тие побараа веднаш да се повлечат багерите кои почнаа да ја сечат шумата. Според нив, реализацијата на овие проекти ќе има сериозни и трајни последици. Последици врз животната средина и водните ресурси на целиот регион.
„Да се тргнете од Дошница веднаш, инаку ќе ве блокираме,“ порача Марина Томова од здружението Changemakers4All. Како повратник од Холандија, таа вели дека сака да живее тука. И дека ќе се бори да се заштитат водите.
Поддршка од градоначалникот на Демир Капија
На собирот се обрати и градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров. Тој е единствениот градоначалник од трите засегнати општини кој даде поддршка. „Дали целта ги оправдува средствата и дали тоа мало производство на струја се исплати во однос на штетата, проценете сами,“ рече тој.
Петров најави дека неговата општина ќе поднесе барање до Парламентот. Ќе бараат заштита на целото подрачје. „Да заборавиме веќе еднаш на било каква градба на овие планински бисери,“ додаде тој.
Активисти: „Ова е општ грабеж на јавно добро“
Ристо Камов од „Спас за нас“ потсети дека се менуваат закони. Тие, според него, штитат финансиски интереси на мала група луѓе. Кире Незиров од Велес рече дека се работи за општ грабеж. И дека никој не смее да ја става реката во цевки за пари.
Тој објасни дека профитот лежи во статусот на повластени производители. Државата им ја плаќа струјата по повластена тарифа. Но, тоа се прави со пари од граѓаните, преку сметките за струја. „Сакаат да го соголат Кожуф и да направат кеш, но ние не се предаваме,“ порачаа активистите.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден