„Денес го пуштаме во употреба експресниот пат Фариш – Дреново, инвестиција од речиси 45 милиони евра.“
Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој додаде дека овој проект е директна инвестиција во развојот, безбедноста и иднината на овој регион. Патот е од витално значење за Кавадарци, Прилеп, Битола, Ресен и цела Пелагонија.
„Парите се во асфалтот, а не во нечии џебови“
„Овие пари, како во минатото, не завршија во нечии џебови. Не исчезнаа во провизии, тендери и фиктивни договори,“ рече Мицкоски. „Тие се тука, пред вас. Во асфалтот. Во оваа делница. Во реални, опипливи дела.“
„Дојде време кога државата не е банкомат за моќници, туку е мотор на развојот.“ „Дојде време кога проектите не се рекламираат на хартија, туку се градат на терен,“ додаде тој. Според него, парите од граѓаните се враќаат назад кај граѓаните.
„Порака дека можеме поинаку“
Премиерот истакна дека патот Фариш-Дреново не е само обичен пат, туку тој носи и силна порака. „Порака дека можеме поинаку. Порака дека ако се сака, сè се може,“ рече тој. „И доказ дека Македонија нема да биде вечно во застој, како што беше изминатите седум години.“
„Граѓаните имаат очекувања. И ние тие очекувања нема да ги изневериме,“ заклучи Мицкоски во своето обраќање.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден