Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска објави дека доставила 20 нови предмети до Обвинителството.
Овие предмети се однесуваат на дивоградби во Општина Чаир. Таа на социјалните мрежи детално ја објасни наводната криминална шема. Според неа, во шемата се вклучени високи функционери.
Како функционирала шемата со легализации?
„Си почнуваат газда Вики и газда Ики да си градат нова НЕБЕЗБЕДНА зграда,“ пишува Арсовска. „За да заштедат на проекти, документации и комуналии, си вадат стари барања за легализации од 2011 година.“
Иако законот за легализација не важи за цели згради, тие наоѓаат неколку лица на чие име ги запишуваат градбите. „Со парите и моќта која ја имаат со години, не внимавале многу на кого ќе запишуваат дека градел,“ додава таа.
„Децата се злоупотребени, Обвинителството веќе има отворен предмет“
Лицата на кои им легализирале денес се полнолетни. Но, барањата наводно ги доставиле во 2011 година. Тогаш тие имале само 5, 6 или 10 години. „Ова е очигледен фалсификат,“ тврди градоначалничката.
Во документите стои и дека овие деца граделе до 2010 година. „ИТНО треба да се провери од каде овие деца имале милиони.“ „Сите овие лица се злоупотребени во постапките за легализација. Јасно е дека немале деловна способност на 5 години,“ вели таа.
Арсовска додава дека веќе има отворен предмет во Обвинителството. Предметот е за фалсификување на архивската книга за легализации. Според неа, тој ќе докаже дека овие деца не поднеле барања во 2011 година.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден