во ,

Арсовска му пиша на ЕУ амбасадорот: „Кажете ѝ на Марта Кос дека во Македонија мафијата си има своја држава“

„За заканите врз мене како жена, министерот за внатрешни работи наместо да постапува си тера политика.“

„При загрозување на мојата безбедност и на моето семејство, МВР нема постапено по ниту една пријава.“ Ова го вели градоначалничката Данела Арсовска. Зборовите се дел од отворено писмо до ЕУ амбасадорот Микалис Рокас.

Криминален скандал во Чаир: 152 дивоградби и фалсификувани документи

„Неодамна откривме значаен криминален скандал. Во кој е вклучен градоначалникот Висар Ганиу,“ пишува таа. Според неа, неговата организирана криминална група фалсификувала документи. Со тоа незаконски овозможиле лица да стекнат милиони.

Реклама

Размерот и дрскоста на овие дела се алармантни. Досега се откриени 152 вакви сомнителни случаи. Како одговор на доказите, Обвинителството покрена истрага. Доказите се потврдени од повеќе институции.

Закани и насилство врз инспекторите, додека МВР не реагира

„И покрај овие напори, заканите по мојата безбедност и безбедноста на вработените се интензивираат.“ „Нашите инспектори и вработени се подложени на насилство,“ тврди Арсовска. „Гумите на возилата им беа исечени со ножеви.“

Тие, како и самата градоначалничка, добиле директни закани. Заканите биле од лица вклучени во скандалот со Висар Ганиу. Овие инциденти се официјално пријавени во МВР. „Но, бавното темпо на правдата ги става во ризик нашите животи,“ се вели во обраќањето.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион…

Мисајловски: Ќе развиваме воена индустрија, има интерес за фабрика за барут и дронови