во ,

Данела до амбасадорката на САД: Како може осомничени за тежок криминал да ви седат во првиот ред?

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, преку социјалните мрежи упати директно прашање до американската амбасадорка.

Прашањето е упатено до Анџела Агелер. „Добро утро Амбасадорке Агелер, среќен нека е денот на независноста на САД,“ ја започнува таа својата објава на социјалната мрежа Фејсбук.

„Лица за на црна листа ви беа во прв ред во Амбасадата“

„Само да прашам, не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости вчера што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции,“ прашува таа. „Овие двајцава незгодно насмеани на фотографијава, за кои институциите имаат цврсти докази за криминал…“ „…наместо да ви се на црна листа, ви беа во прв ред во Амбасадата вчера,“ напиша Арсовска.

Реклама

Таа повтори дека станува збор за криминал во најмалку 152 откриени случаи. И дека за нив во моментов се спроведуваат сериозни истраги од страна на надлежните институции.

Обвинувања за селективност при санкционирањето

„На листата на санкции со децении се наоѓаат лица ПОРАДИ НАВОДИ за корупција и поткопување на демократските процеси,“ потсетува градоначалничката. Таа набројува дека меѓу нив има политичари, поранешни премиери и министри, градоначалници и судии.

САД, вели таа, ги санкционираат таквите поединци како дел од напорите за промовирање одговорност и борба против корупцијата. Со ова, таа инсинуира на постоење на двојни стандарди при примената на санкциите.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дали светот е подготвен за мега-катастрофа предвидена од тајландска пророчица?

Несекојдневен инцидент на Халкидики: Бугарската актерка Дијана Габровска уапсена додека снимала “Документарец”