во ,

Математичкиот гениј Македон Димитровски завиен со македонското знаме ги прослави пехарот во Несебар

Македон Димитровски уште еднаш докажа дека е вистински математички генијалец.

Надареното момче, кое често е нарекувано „чудо од дете“, освои пехар и медали. Тој учествуваше на два интернационални турнири во Несебар, Бугарија. На натпреварите имаше 875 учесници од 14 земји, што го прави неговиот успех уште поголем.

Супер Попуст -25%

Неговиот татко Владимир со гордост ја сподели веста на социјалните мрежи. „Македон уште еднаш го прослави името на Македонија. И го виореше македонското знаме во Бугарија,“ напиша тој, детално набројувајќи ги успесите.

Македон ја доби престижната титула „Математичка ѕвезда на турнирот“. Тој освои и пехар за освоено трето место во купот на „Математика без граници“. Исто така, освои и сребрен медал по алгебра. И бронзен медал на основниот турнир. „Браво Македон, горди сме на тебе,“ завршува објавата на неговиот татко.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Исповед на Марио од 2Бона: „И да немам деца, би останал со неа“

Нов лек за слабеење од Кина дава надеж: Дали конечно пристигнува поевтина алтернатива за борба против дебелината?