Фондот за здравствено осигурување ќе иницира измени на Законот за здравствена заштита, со цел да се подобри системот на контрола.
Идејата е боледувања да се даваат само на оние пациенти на кои тоа навистина им е потребно. Ова денеска го изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој даде и загрижувачки податоци.
Проблем во јавниот сектор: Клиники со 20% вработени на боледување
Според него, во моментов има околу 17 илјади боледувања заради болест и 10 илјади породилни боледувања. Зголемениот број на барања за контроли произлегува од тоа што во институциите има огромен број вработени кои се на боледување.
„Во здравството имаме клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување. Посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана,“ изјави Клековски. „Ние веќе физички не можеме да одговориме на сите барања за контроли.“
Кои се причините за злоупотребите?
Директорот вели дека често се случува персоналот да зема боледување за да ги избегне обврските, особено при зголемен обем на работа. Клековски посочи дека скоро 50 проценти од боледувањата се за болести на рбетниот столб, што ја прави проценката за способноста за работа субјективна.
Дополнителна мотивација, според него, се и колективните договори. Тие предвидуваат 90 до 100 процентна исплата на плата. Друг момент се и ниските плати во некои сектори, поради што луѓето земаат боледувања за да може да работат и втора работа.
Една година ново раководство на ФЗО
Директорите на Фондот денеска направија и осврт на сработеното во изминатата една година. Како најзначајни резултати ги посочија проширувањето на Позитивната листа со лекови по 10-годишна пауза. Тие ги истакнаа и зголемените плати во здравството и подобрените здравствени услуги.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден