„Не сакам да верувам дека навистина идентитетот може да се препознае низ ајварот, виното, пинџурот и слично.“
„Верувам дека изјавата на еврокомесарката Марта Кос е случајна или несреќна.“ Ова го изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова во интервју за Канал 5. Таа ја коментираше изјавата на Кос, дадена неодамна во Скопје.
„Словенците ни го зедоа ајварот, а Кос ни го нуди пинџурот“
„Како некој кој докторирал во Словенија, верувам дека е несреќна изјавата. Некои од тие работи веќе се преземени од Словенија,“ рече таа. „Ние веќе немаме ајвар, за жал имаме ајвер, што значи како интересна категорија е идентитетот.“
Дека идентитетот не е ајвар и пинџур, според неа, се гледа од основачките документи на ЕУ. „Во нив има јасни примери што е идентитет. Таму пишува дека ЕУ ќе го почитува националниот и културниот идентитет,“ додаде таа. Според неа, за идентитетот нема разговор, туку се прифаќа таков каков што е.
За извештајот во ЕП: „Ако сè е решено, зошто Бундестагот носеше декларација?“
Сиљановска Давкова посочи дека известувачот Томас Вајц не случајно ги избрал формулациите за македонскиот јазик. „Зошто тогаш би го напишал тоа? Заради притисокот од нас, или стравот? Не, тоа е заради уставните документи и почитувањето на еднаквоста,“ смета таа.
„Ако било сè решено со јазикот, зошто тогаш германскиот Бундестаг донесе декларација за македонскиот јазик и идентитет?“ „Затоа што е јасно дека тој се негира,“ рече претседателката.
Двојни стандарди на ЕУ и нашата одговорност
Таа потсети дека барањето за бугарско малцинство првпат се појавило во 2022 година. Истовремено, во 2008 година, Венецијанската комисија ѝ препорачала на Бугарија да го смени Уставот и да внесе гаранции за малцинските права. „Зборуваме за двојни стандарди. Ако ЕУ самата ги негира своите принципи, тогаш тоа е сериозен демократски дефицит,“ изјави таа.
Претседателката укажа и дека странските политичари често не се добро информирани. „Се разбира, не е до нив, до нас е,“ рече таа. „Треба да ги кажуваме нештата водени од националниот интерес, а не она што сакаат да го чујат.“
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден