Ново истражување меѓу големите германски трговски синџири сведочи за значителен пораст на кражбите.
Крадат не само поединци на кои им е сè потешко да врзат крај со крај, туку во тоа се активни и добро организирани банди. Според анкетата за 2024 година, бројот на кражби пораснал за 3% во однос на претходната година.
Економски последици: Милијарди евра загуба и повисоки цени за сите
Ова на трговците им нанесува вкупна загуба од околу 4,95 милијарди евра. Истражувањето на Германскиот трговски институт (ЕХИ) покажува дека голема веќина од тие загуби се последица на кражби. Тоа значи и загуба за државата од околу 570 милиони евра помалку наплатен данок.
ЕХИ наведува и дека трговците биле принудени да ги зголемат цените. Авторот на студијата проценува дека околу 1,5% од цените во продавниците се поврзани со кражбите и со мерките за безбедност.
Како крадат организираните банди?
Организираната кражба пораснала за 5% и сочинува една третина од вкупните кражби. Станува збор за поединци кои имаат дури и „списоци за крадење“, но и за координирани групи. „Еден останува во автомобилот за бегство, друг го одвлекува вниманието на персоналот, а трет го заклонува оној што ја зема робата,“ објаснува експертот.
Крадците обично целат на мали и скапи производи кои лесно се препродаваат. На пример, парфеми, козметика, но и апсурдно скапи жилети за бричење.
„Злосторства од сиромаштија“ или нешто друго?
Криминологот Никол Бегелајн смета дека речиси сите случаи на кражби се таканаречени „злосторства од сиромаштија“. На нив најпрво се одлучуваат луѓе кои немаат пари да го купат производот. Сепак, статистиките покажуваат дека во две третини од случаите, крадат „опортунисти“ кои не се нужно сиромашни.
Во Германија се води и дебата дали ваквите „злосторства од сиромаштија“ воопшто треба да се декриминализираат. Причината е што казнувањето го оптоварува буџетот и го затрупува правосудството. Сепак, многумина не се согласуваат со ова.
Дали Германија е „рај“ за крадците?
Експертот Франк Хорст ја опишува Германија како „рај“ за крадците. Причината се релативно благите казни. Иако законот предвидува затвор до пет години, во пракса против првообвинетите често и не се покренува постапка.
Тој смета дека и инфлацијата има влијание врз порастот на кражбите. „Можеби се работи и за кражби од протест, бидејќи луѓето со тоа порачуваат дека не се спремни да ги прифатат поскапувањата,“ смета тој.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден