во ,

Путин денеска го смени својот министер за транспорт, а тој само неколку часа подоцна се самоубил!

Поранешниот руски министер за транспорт, Роман Старовоит, кој рускиот претседател Владимир Путин го смени претходно денеска, извршил самоубиство.

Оваа информација ја дознаваат руските медиуми „Известија“ и „РЕН ТВ“, повикувајќи се на сопствени извори, како и на Телеграм канали. Според порталот Инфо24, телото на функционерот е пронајдено во неговиот дом во Одинцово, во Московската област.

Поврзаност со корупциски скандал во Курск

Според информациите на каналот 112, поранешниот гувернер на Курската област, Алексеј Смирнов, кој претходно беше уапсен поради проневера при изградба на заштитни објекти, сведочел против Старовоит. Веднаш потоа, Старовоит беше сменет од местото министер за транспорт, а неколку часа подоцна беше пронајден мртов.

Супер Летен Попуст

Трет извор од транспортната индустрија за Ројтерс изјавил дека позицијата на Старовоит била под знак прашалник со месеци. И тоа, не толку поради транспортни прашања, колку поради корупциските афери во Курск.

Неочекувана смена и реакција од Кремљ

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин денеска го смени министерот за транспорт. Ова беше неочекуван потег кој доаѓа во време на големи предизвици за транспортниот сектор во Русија. Указот на Путин не наведе причина за смената.

Кремљ објави дека Андреј Никитин, поранешен гувернер на Новгородската област, е именуван за вршител на должноста министер. На прашањето дали смената значи губење на довербата во Старовоит поради случувањата во Курск, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, даде формален одговор. „Таква формулација не е присутна во декретот,“ рече тој.

Кој беше Роман Старовоит?

Роман Старовоит беше на функцијата министер за транспорт нешто повеќе од една година. Тој беше именуван во мај 2024 година. Претходно, тој речиси пет години беше гувернер на Курската област, регион кој се граничи со Украина. Неколку месеци откако Старовоит го напушти местото гувернер, украинските сили ја преминаа границата во Курск.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мицкоски со закана до маркетите: „Ги знаеме вашите трикови“ – Храната поскапела за 6,3% за еден месец

Напад со чекан и секира во воз во Германија, патници го совладале напаѓачот