Паника во Уругвај: Во супермаркети пронајден најотровниот пајак на светот, чиј угриз предизвикува болна ерекција
Во еден од оние инциденти кои се остварување на најлошите кошмари, во два супермаркети во Уругвај биле пронајдени примероци од бразилскиот пајак-скитник (Phoneutria), познат и како „банана-пајак“ – еден од најотровните и најагресивните видови на светот. Ова откритие предизвика паника кај граѓаните и го сврте вниманието кон опасностите што демнат во глобалната трговија со храна.
Двата пајаци биле откриени во различни градови – едниот во Треинта и Трес, а другиот во главниот град Монтевидео. Експертите веднаш потврдија дека се работи за озлогласениот „банана-пајак“, кој најверојатно пристигнал во земјата скриен во гајби со банани увезени од Бразил. Ова не е ретка појава, бидејќи за време на транспортот, гајбите често се оставаат на земја, што им овозможува на пајаците и на други инсекти да се скријат во нив.
Што го прави овој пајак толку опасен?
Бразилскиот пајак-скитник е познат по својот моќен неуротоксичен отров. Неговиот угриз предизвикува силна болка која се шири низ целото тело, оток, потење и забрзан пулс. Во најтешките случаи, може да дојде до напади, проблеми со дишењето, па дури и смрт, особено кај децата и постарите лица.
Сепак, најбизарниот и најпрепознатлив симптом што се јавува кај мажите е пријапизам – болна и долготрајна ерекција која не е поврзана со сексуална возбуда. Овој необичен ефект е толку силен, што научниците дури и го истражуваат отровот како потенцијален лек за еректилна дисфункција.
Повеќе од само инцидент – скриена опасност во увозот
Иако досегашните случаи на каснување од овој пајак во Уругвај, за среќа, не завршиле фатално, властите апелираат на огромна претпазливост. Овие пајаци се исклучително агресивни кога ќе се почувствуваат загрозено и, за разлика од другите видови, не бегаат, туку напаѓаат. Тие се и многу мобилни и лесно можат да влезат во домовите, криејќи се во чевли, облека или темни агли.
Некои експерти во Уругвај шпекулираат дека постудената клима во земјата можеби ја намалува токсичноста на отровот, но сепак нагласуваат дека секој угриз мора да се третира како итен медицински случај. Овој инцидент е мрачен потсетник за тоа како глобалната трговија, покрај производите, понекогаш транспортира и смртоносни „слепи патници“, носејќи ги опасностите од далечните прашуми директно на рафтовите во нашите локални продавници.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден