во ,

Тензијата можеше да се сече: Хејли Бибер сама, а Селена Гомез среќна со сопругот

Хејли Бибер привлече внимание на Гала вечерата на Музејот на академијата за филмски уметности во Лос Анџелес со својот елегантен моден избор, но и со тагата која се крие зад нејзината насмевка.

Појавата на Хејли Бибер во скулптурален чоколадно-кафеав фустан без прерамки со карамел корсетски појас и висок шлиц, заводливо ја истакна нејзината фигура. Фустанот имаше сатенски финиш со суптилни спирални шари, а кристалните детали на појасот дополнително го нагласија луксузниот карактер на стилот.

За сите храбри борци

Меѓутоа, модното совршенство не го прикри фактот дека зад нејзината насмевка се кријат моменти на ранливост – Хејли минатата година призна дека доживеала „некои од најтажните и најтешките моменти во животот“ и дека нејзината емоционална состојба е кревка.

Тензијата меѓу Хејли и Селена можеше да се „сече“

Покрај модниот избор, атмосферата на овогодинешната гала вечер доби дополнителна тензија – Хејли и Селена Гомез се појавија на црвениот тепих само неколку часа откако на социјалните мрежи разменија индиректни коментари. Иако избегнаа директна средба пред камерите, секоја нивна појава повторно ги подгреа шпекулациите за нивниот однос, кој со години е поврзан со нивните врски со Џастин Бибер.

Селена Гомез и Бени Бланко блескаа во црно

Селена Гомез и нејзиниот сопруг Бени Бланко се појавија на Галата во елегантни, усогласени црни модни изданија. Селена блескаше во софистициран, црн вечерен фустан без прерамки, надополнет со црн блејзер и впечатлив црвен кармин. Бени Бланко се одлучи за кадифено црно одело во комбинација со темносина сатенска кошула. Видно заљубени и среќни, Селена и Бени, кои сè уште се во фаза на меден месец, блескаа на овој настан.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Готово е, нема да имам деца“: трагичната причина зошто Кијану Ривс никогаш не стана татко

Ексклузивна снимка од украдениот царски накит од Лувр, направена од српски уредник