Со години Штутгарт беше симбол на германското богатство и дом на најмоќните брендови на автомобили.
Градот во кој Mercedes и Porsche создаваа милиони, сега се соочува со огромен буџетски минус. Падот на продажбата на автомобили и кризата во авто-индустријата ја потресоа и градската економија – од касата недостасуваат дури 800 милиони евра.
Според извештајот на фондацијата Бертелсман, и другите автомобилски градови како Волфсбург (Volkswagen), Инголштад (Audi) и Минхен (BMW) бележат пад на приходите, но ситуацијата во Штутгарт е најтешка. Градскиот буџет за 2026 и 2027 година е во дефицит, и покрај мерките за штедење кои веќе се воведени.
Само една година претходно, ШтутгаRT имаше рекордни 1,6 милијарди евра приход од данок на добивка. Сега, градската управа очекува едвај 850 милиони. Тоа е речиси преполовен приход за само две години.
Градот на богатите сега мора да штеди
Кризата се прелева насекаде. Во Вајзах, каде што се наоѓа развојниот центар на Porsche, приходите паднаа од 65 милиони евра на само три милиони. Во Зинделфинген, клучната фабрика на Mercedes, приходот од данок ќе биде помал за една четвртина. Слична е ситуацијата и во Волфсбург (VW) и Инголштад (Audi), каде што приходите се драстично намалени, а градовите се принудени да ги намалат трошоците.
Повеќе од само криза – „златниот кафез“ на авто-индустријата
Со години овие градови живееја од профитот на своите автомобилски гиганти. Вишокот пари се вложуваше во инфраструктура и раскошни проекти. Денес, резервите се потрошени, а градовите мораат да се задолжуваат.
Оваа криза е суров потсетник за реалноста која многумина ја игнорираа: кога сте премногу зависни од една индустрија, нејзиниот успех е и ваш, но нејзиниот пад е ваша пропаст. За Штутгарт, Mercedes и Porsche повеќе не се гаранција за сигурност, туку симбол на кризата која тропа и на вратите на најбогатите.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден