
‘Дали е ова дело на психопат или на институција?’: Хорор во Кичево, убиени над 40 кучиња, а ‘Анима Мунди’ го прозива градоначалникот Дехари за молк
Во еден од најмасовните и најбрутални случаи на насилство врз животни во поновата историја на Македонија, во Кичево за само еден ден беа убиени повеќе од 40 бездомни кучиња. Шокантните слики од телата на животните, од кои дел биле отруени, а дел застрелани со огнено оружје, беа пронајдени на повеќе локации низ градот, дури и во близина на основно училиште. Инцидентот предизвика огромен гнев кај граѓаните и активистите, а Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ излезе со жестока реакција, прозивајќи го градоначалникот Фатмир Дехари и општинските власти за нивниот громогласен молк.
„Како да е нормално да се живее во град опколен со отров и оружје“
„Два дена не реагиравме. Сакавме да видиме дали некаде ќе се чуе барем збор – од градоначалникот Фатмир Дехари, од општината… Два дена – ништо. Молк. Како да е нормално да живееш во град опколен со отров и оружје“, се вели во соопштението на „Анима Мунди“. Активистите предупредуваат дека ова не е случајност, туку организиран масакр. „Такво нешто може да направи само масовен убиец, психопат или институција што организира ликвидација – никој не тепа цел град животни сам“.
Тие го прашуваат Дехари дали е свесен дека низ градот се користат „екстремно разорни отрови“ кои можат да усмртат и дете за пет минути, и како е можно некој вооружен да шета и да стрела низ градот.
Мистеријата со експресното ‘чистење’ на доказите
Еден од највознемирувачките аспекти на случајот е начинот на кој се справиле локалните служби. „Анима Мунди“ јавно прашува како е можно јавното претпријатие „Кичевски Комуналец“ за само половина час да ги собере сите 40 трупови и да ги фрли, и тоа без да биде повикана полиција, без да се изврши увид и без истрага, иако на дел од телата имало јасни траги од огнено оружје. „И каде се телата сега, зошто ги нема на депонија?“, прашуваат од здружението, со што отвораат сериозен сомнеж за обид за прикривање на докази од страна на самите институции.
Иако е факт дека Кичево, како и многу други градови, со години се соочува со сериозен проблем со бездомните кучиња, активистите и граѓаните се едногласни дека масакрот не е решение. „Анима Мунди“ посочува и на финансиската нелогичност – општината троши 20.000 евра годишно за решавање на проблемот, а истовремено плаќа 115.000 евра за отштети од каснувања, што според нив е доказ за „злоупотреба на јавни пари“, а не за планско управување. Тие бараат итна истрага од Обвинителството и МВР и директна одговорност од градоначалникот Дехари.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







