
Научници од Харвард и Технолошкиот универзитет во Монтана објавија студија која ја преиспитува идејата за постоење на вонземски живот — но не во далечниот космос, туку тука, на Земјата.
Според нив, неидентификуваните аномални појави (UAP) можеби се резултат на активности на интелигентни суштества што живеат под земјината површина, во океаните или на други тешко достапни места.
Во извештајот, кој го пренесува „Science Alert“, научниците предупредуваат дека нивната хипотеза е „контроверзна“, но бара „отвореност и научна чесност“. Тие го користат терминот „нечовечка интелигенција“ (NHI) – наместо зборот „вонземјани“, укажувајќи дека овие суштества можеби не доаѓаат од вселената, туку се автохтони на нашата планета.
Повеќе од само НЛО – криптотерестријална теорија
Истражувањето се повикува и на сведоштва на поранешни американски разузнавачи, според кои владата на САД располага со неидентификувани летала од „непознато потекло“. Сенаторот Чак Шумер дури изјави дека јавноста има право да ја знае вистината за можната „нечовечка технологија“.
Научниците во трудот ја разгледуваат и т.н. „криптотерестријална“ теорија – според која овие суштества можат да живеат во подземни простори, океански длабочини или во близина на вулкани. Особено внимание посветиле на феномените забележани кај мексиканскиот вулкан Попокатепетл, каде што снимките покажуваат појава на мистериозни светлосни топки што исчезнуваат во кратерот.
Дали се патници низ времето?
Некои истражувачи дури не ја исклучуваат можноста дека UAP може да имаат интердимензионално или временско потекло – односно да се работи за патници низ времето или суштества од други реалности.
„Нашата должност како научници е да ги истражиме и најневеројатните идеи,“ наведуваат авторите на студијата. „Доколку овие феномени навистина се дел од нашиот свет, тоа би можело засекогаш да го промени нашето сфаќање за животот.“
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







