во ,

Времето се „расипува“: Пороен дожд и грмежи до понеделник, се очекуваат над 30 литри

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Повеќе од само дожд – се очекуваат и поројни врнежи

Според прогнозите на УХМР, до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни, со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 литри на метар квадратен).

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Запросување од соништата што стана кошмар: Прстенот му падна во море, па скокна по него!

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 7 НОЕМВРИ: Бикот поставува важни прашања, прекрасни љубовни моменти за Шкорпија