
Инфлацијата во октомври повторно се искачи и на годишно ниво достигна 4,5 проценти, а цените на мало пораснаа за 2,8 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Најголем двигател на растот е храната, чија цена за една година е зголемена за 7 проценти (индустриските прехранбени производи за 7,5%), додека алкохолот и тутунот поскапеле за 6,7 проценти.
ССМ: Потребни се 4.500 денари повеќе за живот
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, пресметал дека порастот на инфлацијата е идентичен со растот на синдикалната кошничка, што значи дека на граѓаните им требаат 4.500 денари повеќе за основните месечни потреби.
Опозицијата и ЕК со критики, Мицкоски уверува
Од опозицискиот СДСМ реагираат дека инфлацијата од 4,5% е спротивна на владините уверувања дека таа ќе падне под 3%, обвинувајќи за пад на животниот стандард. Критики за економските политики Владата доби и во последниот извештај на Европската комисија.
Премиерот Христијан Мицкоски не се согласува со дел од забелешките и уверува дека годината ќе заврши со инфлација меѓу 3,5 и 4 проценти, додека Народната банка ја проектира на 3,9 проценти.


