
Русија планира да започне голема агресија на европскиот континент во 2029 или 2030 година, тврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Володимир Зеленски објави на Телеграм дека зголеменото производство на оружје покажува оти Русија, како што наведе, не е подготвена да ја прекине војната против Украина. „Проблемот е во тоа што кога ја гледаме руската воена индустрија, гледаме дека тие го зголемуваат своето производство. И, според нашата проценка, тие сакаат да ја продолжат оваа војна“, наведе Зеленски, пренесе „Укринформ“.
Повеќе од само војна – нови санкции од САД и ЕУ
Зеленски ги повика партнерските земји да размислат за тоа како *сега* да ги запрат Русите во Украина. Тој истакна дека заедничкиот притисок од светските сили би можел да ја натера Русија да направи пауза во војната.
Неговата изјава доаѓа во време кога американското Министерство за финансии во средата објави дека воведува санкции против двете големи руски нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“. Зеленски тврди дека загубите на Русија само од овие санкции ќе изнесуваат најмалку 50 милијарди долари годишно.
Исто така, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, на 23 октомври објави дека Европската Унија го одобрила 19-тиот пакет санкции против Русија.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







