во ,

РАЦИЈА ВО 7 ЧАСОТ НАУТРО: „Паднаа“ три Бразилки и Перуанка во Струга!

Полициска рација во Струга: Уапсени четири странски државјанки со нелегален престој и дрога

Вчера околу 7 часот наутро, криминалистичката полиција во Струга упаднала во сместувачки објект каде затекнала четири странски државјанки – три од Бразил и една од Перу – кои имале нелегален престој во земјата.

При претресот, извршен со судска наредба, полицијата пронашла и одзела марихуана, дробилка и други предмети поврзани со употреба на дрога.

Повеќе од само дрога – прекршок по Законот за странци

Од СВР Охрид информираат дека во акцијата е уапсена 27-годишната А.Б.Т.Г.С. од Бразил, а приведени биле и нејзините сонароднички Ј.Т.А.С. (23) и Р.Ц.С. (23), како и 20-годишната Н.О.Ц. од Перу.

Според полицијата, девојките престојувале во земјава без соодветна дозвола, со што сториле прекршоци по член 147 и член 23 од Законот за странци. По завршување на истрагата, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

АКЦИЈА КАКО ОД ФИЛМ: Украински Ми-8 го „изрешета“ рускиот „Шахид“ со митралез!

НЕМА ПОВЕЌЕ БУРЕК И КОКА-КОЛА: Јокиќ откри што јаде за појадок за да постигне 90 поени