во ,

Збогум за евтините пакети: Се укинува ослободувањето од 150 евра, ЕУ сака „рамноправни услови“

КРАЈ НА ЕВТИНИОТ ШОПИНГ ОД КИНА: ЕУ го укинува правилото од 150 евра, ќе се плаќа царина за СÈ од „Тему“ и „Шеин“!

Советот за економски и финансиски прашања на ЕУ иницира измена на Регулативата за царини, со која би се укинало сегашното правило за ослободување од царински давачки при увоз на стоки од трети земји во Унијата, чија вредност е до 150 евра.

Тоа во пракса ќе значи дека по усвојувањето на измените, жителите на ЕУ за секоја нарачка од кинеските сајтови за електронска трговија како „Тему“, „Шеин“ или „Али Експрес“ ќе мора да плаќаат царини согласно утврдените давачки.

Повеќе од само правило – „Рамноправни услови“ за трговците

Во образложението на Советот се наведува дека на овој начин ЕУ има за цел да создаде „еднакви услови“ за работа помеѓу странските и европските онлајн трговци на мало. Овој потег е неопходен бидејќи, според податоците на Европската комисија, во 2024 година 65% од 4,6 милијарди пратки што влегле во ЕУ биле ослободени од царински давачки, при што дури 91% од нив биле на стоки од Кина нарачани преку сајтовите за е-трговија.

Кога стапува во сила?

Иако првично беше предвидено ова правило да се укине во 2028 година, министрите за финансии на ЕУ бараат одлуката да биде усвоена „што е можно побрзо“ за да може да стапи во сила уште во текот на 2026 година.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

УЖИВАЈТЕ ВО СОНЧЕВ ВИКЕНД: Од понеделник доаѓа „потоп“ со силен јужен ветер!

Што ни носи филмот за 27 април? Погледнете ја првата снимка од „Рано наутро“