во ,

НЕ ФРЛАЈТЕ ЃУБРЕ ПО 22 ЧАСОT: Нова одлука на Град Скоpје, следува казна од 50 евра!

Советот на Град Скопје усвои нова одлука со која се воведува целосна ноќна забрана за изнесување смет во контејнерите, во периодот од 22 часот до 6 часот наутро.

За непочитување на новите правила е предвидена казна од 50 евра. Од градските власти велат дека мерката има за цел поефикасно празнење на контејнерите и намалување на создавањето диви депонии, особено во населби каде отпадот често се собира околу корпите.

Повеќе од само забрана – инспирација од светските метрополи

Претседателот на Советот, Даме Димитровски, истакна дека мерката е инспирирана од практиките во големите светски метрополи.

– Во Истанбул, на пример, постои ограничување на времето за фрлање ѓубре, додека во Токио секој вид отпад има точно определено време за собирање, изјави Димитровски. Тој додаде дека ефектот од мерката ќе биде уште поголем со воведувањето на селективни корпи за отпад, што е следниот чекор на градот.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 15 НОЕМВРИ: Близнаците се нервозни за финансиите, Стрелецот ќе се соочи со проблеми со плаќањето

ОВА Е ЕДИНСТВЕНИОТ ВИСТИНСКИ РЕЦЕПТ: Како да ја направите легендарната торта на Васа?