во ,

ВНИМАНИЕ СКОПЈАНИ: Од денес 50 евра казна ако фрлите ѓубре по 22 часот!

Од денеска стапува во сила одлуката со која се забранува фрлање смет во Скопје во периодот од 22:00 до 06:00 часот.

Инспекторите, како што најавија градските власти, ќе бидат на терен и по полноќ за да ги фатат на дело сите што ќе ја прекршат новата забрана. Прекршокот ќе ги чини граѓаните 50 евра, додека за правните лица казните се драконски и се движат од 1.300 до 1.800 евра, а може да бидат и повисоки во зависност од типот на отпадот.

Цел се правните субјекти

Во контролите ќе бидат вклучени сите 40 градски инспектори и комунални редари, кои ќе патролираат низ скопските улици – прво со опомени, а потоа и со казни. Од ЈП „Комунална хигиена“ велат дека мерката е пред сè насочена кон правните субјекти (фирми, ресторани) кои најчесто го одлагаат отпадот непрописно и во доцните часови.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЗЛАТЕН ТОАЛЕТ И ТОРБИ СО ПАРИ: Најголемиот скандал го тресе Киев, вмешан соработник на Зеленски!

Финскиот претседател со јасна порака: „Корупцијата е проблем, но не смееме да ја оставиме Украина сама“