
Трговските односи на Европската Унија со САД и со Кина ќе бидат главни теми на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ на ниво на министри задолжени за трговија што се одржува во Брисел.
Состанокот ќе започне со дебата за актуелната состојба и перспективите на односите меѓу ЕУ и САД, во светлина на билатералниот трговски договор од август 2025 година. На европските министри на работен ручек ќе им се придружат и американскиот секретар за трговија Хауард Лутник и трговскиот претставник Џејмисон Грир.
Аларм за ретките минерали од Кина
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Министрите ќе разменат мислења и за односите со Кина, особено по најавата на кинеските власти за нови ограничувања или суспензии на извозот на ретки минерали, што претставува сериозен предизвик за европската индустрија.
Нови царини за Русија и Белорусија?
Дополнително, група земји предводена од Германија, Полска и балтичките држави ќе презентира предлози за воведување дополнителни царини за производи увезени од Русија и Белорусија. На маса ќе бидат и договорите со други партнери, како Индија.


