во ,

Дали децата се луксуз? Германска пресметка: До 18-та година ќе потрошите 165.000 евра!

Германците пресметаа: Едно дете до 18-та година чини вртоглави 164.808 евра!

Според деталната анализа на Германскиот завод за статистика, просечното семејство троши мало богатство за одгледување на дете до неговото полнолетство. Трошоците растат заедно со детето: најмладите (до 6 години) чинат околу 679 евра месечно, училишните деца (6-12) околу 786 евра, додека тинејџерите (12-18) се најскапи со просек од 953 евра месечно.

Што влегува во оваа сума?

Супер Попуст -25%

Оваа пресметка не ги опфаќа само директните трошоци како храна, облека и џепарлак. Тука се вклучени и „скриените“ трошоци: потребата од поголем стан, повеќе струја, мебел и поскапи одмори. За бебињата, само почетната опрема (количка, креветче, седиште) чини меѓу 2.000 и 4.000 евра, па првата година од животот може да чини и до 13.000 евра.

Повеќе деца – помал трошок по „глава“

Статистиката покажува дека трошокот по дете опаѓа ако имате повеќе деца, бидејќи многу работи се наследуваат или делат. Сепак, најтешко им е на самохраните родители, кои трошат речиси половина од своите приходи за потребите на детето. Добрата вест за родителите во Германија е што од 1 јануари 2026 година, детскиот додаток (Kindergeld) ќе се зголеми на 259 евра месечно.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мицкоски грми по судиите: „Црвенееме пред Стразбур поради партиските инсталации на СДСМ и ДУИ“

Сензација во светот на животните: Волк снимен како користи „алат“ за да дојде до храна!