
Русија изврши масовен комбиниран напад врз Киев и други украински градови ноќта кон 25 ноември, користејќи ирански дронови „Шахед“ и балистички ракети „Кинжал“, јавува „Kyiv Independent“.
Според шефот на воената управа на Киев, Тимур Ткаченко, во главниот град загинале најмалку четири лица, а осум се повредени, иако се стравува дека бројот на жртви ќе биде поголем. Украинското Министерство за енергетика го опиша ударот како масовен напад врз објектите на енергетската инфраструктура.
Горат солитери, загина 86-годишна жена
Во населбата Печерск се оштетени и запалени неколку висококатници. Една од метите била станбена зграда од 22 ката, а во областа Дњепровски избувнал пожар во деветокатница, каде загинале две лица, меѓу кои и 86-годишна жена. Надвор од главниот град, во градот Бела Црква, четири куќи се „целосно уништени“, а повреден е еден 14-годишник.
Напади среде мировни преговори
Овој жесток притисок доаѓа во момент кога се зборува за мировен план. Претседателот Володимир Зеленски предупреди: „Мораме да бидеме свесни дека Русија нема да го намали притисокот… Ако навистина го завршуваме војната, тогаш не смее да има ракети и масовни удари врз нашиот народ“.