
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека предложениот мировен план, кој моментално се разгледува со САД и Европа, содржи „правилни точки“, но најчувствителните прашања ќе ги решава директно со Доналд Трамп.
Во своето вечерно обраќање, Зеленски потврди дека по преговорите во Женева, бројот на точки во планот е намален (веќе не се 28) и дека во новата рамка се вклучени многу точни елементи. „Чувствителните прашања, најделикатните точки, ќе ги разговарам со претседателот Трамп“, нагласи тој, додавајќи дека го цени „конструктивниот пристап“ на САД.
Предупредување: Русија ќе се обиде да го саботира мирот
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Зеленски предупреди дека во интерес на Русија е нарушување на мировниот процес и апелираше до граѓаните да обрнат посебно внимание на предупредувањата за воздушни напади во наредните денови. Тој испрати јасна порака до светските сили: доколку продолжат преговорите, „не смее да има ракети, ниту масивни напади врз Украина“.


