
Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.
Денешното рочиште е резервирано за произнесување за вина и воведни зборови на одбраната. Ова следува откако на претходното рочиште, обвинителот Борче Јанев испрати силна порака дека се бара одговорност со име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагедијата.
„Не е важно само кој го запалил огнот, туку кој имал кофа вода и не ја истурил“
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден
Обвинителството тврди дека катастрофата не е резултат само на пиротехниката, туку на годините институционален молк, пропусти и недостиг од контрола кои го претвориле клубот во „смртоносна стапица“. „Општеството мора да се соочи со болната вистина… се бара правда не како утеха или одмазда, туку како последица на незаконитост“, истакна обвинителот Јанев.


