
Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.
Астролог Олга Савиќ
БЛИЗНАЦИ
Изгледа сите очекуваат некаква помош од вас, што ќе ви падне тешко, особено во претпладневните часови кога енергијата ви е ниска. Внимавајте – нешто што криете од саканата личност денес може да излезе на виделина. Не се заплеткувајте дополнително.
ШКОРПИЈА
Не ги сфаќајте сите случувања денес како провокација, напад или критика, бидејќи беспотребно ќе внесете збрка. Посветете се на односот со саканата личност, на двајцата ви е потребно поотворено да поразговарате.
ОВЕН
Овој ден бара од вас прилагодување кон луѓето со кои сте во контакт. Можете да бидете многу пријатно изненадени од повик од страна на личност која веќе долго се обидувате да ја освоите.
ЛАВ
Се соочувате со одредена форма на непријателство во колегијалното опкружување. За вас најдобро би било да не реагирате и да не дозволите да бидете испровоцирани. Попладневните часови ви го поправаат расположението, ќе ви годи контактот со партнерот.
ВАГА
Нечии коментари нема да ви се допаднат, па утрото може да помине во препукувања. Очекувате партнерот да повлече конкретни потези за прашање што ви е важно, но можете да бидете разочарани од развојот на ситуацијата.
СТРЕЛЕЦ
Колегите ќе ја искористат вашата добра волја и ќе ви натоварат дел од своите обврски. Бидете фокусирани за да не направите грешка. Харизматични сте и шармантни – лесно стапувате во контакт со спротивниот пол.
ЈАРЕЦ
Во првиот дел од денот сте благо нефокусирани – важните договори оставете ги за попладне. Интензивност во контактот со саканата личност – може да ве изненади посветеноста и иницијативата од страна на партнерот.
РИБИ
Голема збрка и гужва, веројатно нема да можете да дигнете глава од работа. Како сè одеднаш да дошло на дневен ред. Потребна ви е концентрација. Интересна комуникација со некој со кого доаѓате во контакт преку работа.

