
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но и со ниски утрински температури кои ќе се спуштат до -1 степен.
Во западните делови ќе има повремен локален дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се движи од 10 до 16 степени. Во Скопје, времето ќе биде слично, со засилен југоисточен ветер и дневна температура до 13 степени.
Доаѓа циклон: Од среда пообилни врнежи и снег на планините
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Под влијание на циклонска активност, до сабота ќе преовладува претежно облачно време. Особено во среда и четврток се очекуваат пообилни врнежи од дожд, додека на повисоките планини дождот ќе премине во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе донесе дополнително заладување.


