
Шеснаесетгодишно момче од село Кондово брутално е претепано од четворица насилници на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.
Инцидентот се случил синоќа (28 ноември) околу 20:50 часот. Според пријавата во полиција, четворицата напаѓачи пристигнале со возило и физички го нападнале малолетникот.
Завршил на Клиника во раните утрински часови
Супер Попуст -25%
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Повредите биле сериозни, па момчето неколку часа подоцна, околу 02:20 часот по полноќ, било донесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на медицинска помош. Министерството за внатрешни работи го потврди случајот и работи на негово расчистување.


