
„Во Бугарија се води последната тоталитарна комунистичка политика во ЕУ“ – Стојко Стојков грми од говорницата на ОН во Женева
На 18-тата сесија на Форумот за малцински прашања на ОН, Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин упати жестоки критики кон официјална Софија. Тој обвини дека во „демократска“ Бугарија постоењето на Македонците останува негирано преку политика утврдена со парламентарни декларации и одлуки на Уставниот суд, што резултира со стотици судски пресуди против малцинството.
„Македонците се претставуваат како морални дегенерици и предавници“
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Стојков истакна дека македонското малцинство се соочува со неказнет говор на омраза во медиумите и општеството, каде се етикетирани како „странски агенти“, „национални предавници“ и „морални дегенерици“. И покрај 14-те пресуди од Европскиот суд за човекови права, во Бугарија сè уште не постои регистрирана македонска партија, а државата одбива секаков дијалог.
Тој предупреди дека пасивноста на ЕУ се претворила во „благослов“ за оваа дискриминација, која не само што ја блокира евроинтеграцијата на Македонија, туку создала и „индустрија за корупција од милијарда евра“ преку трговијата со бугарски државјанства.


