
Европа се враќа на нуклеарната енергија: Од целосно отфрлање до клучен фактор за енергетска безбедност
По избувнувањето на војната во Украина и кризата со рускиот гас, Европската Унија прави голем пресврт во својата енергетска политика. Нуклеарната енергија сега се смета за клучна алатка за постигнување независност и стабилност на мрежата, особено во ерата на растечка побарувачка поради вештачката интелигенција и електричните возила. Иако земји како Германија и Австрија беа скептични, повеќето членки сега ја поддржуваат како дел од „зелената транзиција“.
Мали модуларни реактори – иднината на енергетиката
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден
ЕУ планира огромни инвестиции од околу 241 милијарда евра до 2050 година за нови нуклеарни централи и продолжување на животниот век на постојните. Фокусот се става на малите модуларни реактори (СМР), кои се поевтини и побезбедни. Италија, Белгија и Данска веќе ги менуваат своите закони за да овозможат „нуклеарна ренесанса“, додека Полска ја гради својата прва нуклеарка која треба да стартува во 2033 година.


