
Хаос во САД: Силна снежна бура приземји стотици авиони, а софтверски проблем на „Ербас“ дополнително го парализираше сообраќајот
Силна снежна бура која го зафати голем дел од САД, во комбинација со технички проблеми, предизвика вистински колапс во авиосообраќајот. Според податоците на „FlightAware“, регистрирани се вкупно 1.815 доцнења и 490 откажувања на летови. Најтешко погодени се големите аеродромски центри во Чикаго, Њујорк, Бостон, Минеаполис и Детроит. Ситуацијата дополнително се искомплицира откако Федералната администрација за авијација (FAA) им нареди на авиокомпаниите итно да го ажурираат софтверот на илјадници авиони од типот „Ербас А320“ ширум светот, што предизвика прекини во распоредот независно од времето.
Верижен судир на 45 возила во Индијана
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Лошото време предизвика хаос и на патиштата. Во Индијана, на меѓудржавниот автопат И-70 (I-70) во близина на Тере Хоте, се случи масовен верижен судир во кој учествуваа дури 45 возила. И покрај драматичноста на настанот, полицијата извести дека за чудо нема сериозно повредени. Националната метеоролошка служба издаде предупредувања за зимска бура од Монтана до Охајо, со прогнози за снежна покривка до 25 сантиметри во Чикаго. Надлежните упатија јасен апел до граѓаните: „Ако можете, останете дома“.


