во ,

„Им ги фативме шемите, па занемеа“: СДСМ бара одговори за фирмата со двајца вработени и 9 милиони евра

СДСМ со жестока реакција: „Владата на Мицкоски занеме за скандалот со 9 милиони евра, се бранат со молк“

Опозициската СДСМ упати остри критики до Владата предводена од Христијан Мицкоски, обвинувајќи ја дека намерно молчи за скандалот со тендерите вредни речиси 9 милиони евра, доделени на фирма формирана минатата година со само двајца вработени. Од партијата прашуваат дали молкот е признание дека се фатени во „криминални шеми“ каде преку наводно најповолни понуди се местат милионски зделки на штета на буџетот на граѓаните.

„Шемата на Груевски се врати преку неговиот ученик“

Супер Попуст -25%

СДСМ тврди дека фактот што партијата ВМРО-ДПМНЕ (од „Белата палата“) одговара во име на државните институции е доказ дека корупцијата е диригирана од партискиот врв. Тие го споредија ова владеење со времето на Никола Груевски, обвинувајќи го Мицкоски дека како „ученик“ ја применува истата тактика на „испумпување пари“ преку наместени тендери. Опозицијата најави дека ќе продолжи со објавување докази и ги повика Јавното обвинителство и ДКСК итно да отворат независна истрага.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Четири часа преговори во Флорида: Рубио и Умеров бараат формула за мир, но „има уште работа“

САД оковани во снег: Откажани 500 летови, верижен судир на 45 возила во Индијана!