
Четиричасовен маратон во Флорида: САД и Украина ги „пеглаат“ деталите за мир, следна станица е Москва
Американскиот државен секретар Марко Рубио ги оцени како „продуктивни и корисни“ разговорите со украинската делегација предводена од Рустем Умеров, одржани во Флорида. На масата седеа и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Доналд Трамп, Џеред Кушнер. Иако е постигнат напредок во дефинирањето на условите кои би обезбедиле „долгорочен просперитет и суверенитет“ за Украина, Рубио предупреди дека „има уште работа што треба да се направи“ пред да се постигне конечен договор.
Умеров го замени Јермак, најтешкото прашање се териториите
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Значаен момент е што украинскиот тим го предводеше Рустем Умеров, кој ја презеде улогата на главен преговарач по оставката на Андриј Јермак поради корупциски скандал. Додека Трамп е оптимист дека „има добри шанси за договор“, изворите велат дека разговорите не биле лесни, особено околу клучното нерешено прашање – судбината на анектираните и окупираните територии. Дипломатската офанзива продолжува неделава, кога Виткоф и Кушнер ќе отпатуваат во Москва за да ги пренесат позициите пред рускиот врв.


