
„Има добри шанси за договор“: Трамп оптимист по средбата на Флорида, иако корупцискиот скандал во Киев „не помага“
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази силен оптимизам по разговорите меѓу претставниците на Украина и неговата администрација одржани во Флорида, оценувајќи дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор за крај на војната. Зборувајќи од авионот „Ер Форс Уан“, Трамп се осврна и на внатрешните проблеми на Украина, коментирајќи дека актуелниот корупциски скандал во земјата „не е од помош“ за процесот, но сепак изрази убедување дека и Русија и Украина имаат волја да го запрат конфликтот.
Виткоф патува кај Путин, планот се „пегла“
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Следната клучна фаза од дипломатската офанзива се сели во Москва – специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, неделава ќе се сретне директно со Владимир Путин за да ја вклучи и руската страна во процесот. Државниот секретар Марко Рубио средбата со шефот на украинската делегација, Рустем Умеров, ја оцени како „многу продуктивна“, нагласувајќи дека е постигнат дополнителен напредок во ревидирањето на контроверзниот мировен план (кој првично содржеше 28 точки и беше критикуван како про-руски). Иако деталите остануваат тајна, и двете страни потврдија дека САД даваат силна поддршка, но предупредија дека „има уште работа“ бидејќи ситуацијата е комплицирана.


