
Камерите го „уловија“ апсолутниот рекордер: Возел со вртоглави 231 км/ч на скопската обиколница!
Системот „Сејф сити“ (Safe City) веќе ги дава првите шокантни резултати за сообраќајната култура во Македонија. Камерите на МВР го регистрираа досегашниот неславен рекордер – возач кој на 1 декември по скопската обиколница управувал возило со брзина од 231 километар на час. Овој податок го открија претставници на МВР, Маја Арсовска Манов и Владимир Велковски, нагласувајќи дека ваквите фрапантни бројки недвосмислено ја потврдуваат потребата од воведување на ригорозен електронски надзор за зголемување на безбедноста на патиштата.
Статистика што загрижува: 110.000 прекршоци во еден ден, „црни точки“ се излезот кон Тетово и Пластичарска
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Бројките од првите денови на тестирање се алармантни. Само во првите 24 часа (1 декември) биле регистрирани неверојатни 110.000 прекршоци. Иако на вториот ден (2 декември) бројката се преполовила на 50.652, структурата на прекршоците останува загрижувачка: доминира брзото возење со скоро 49.000 случаи, следено од поминување на црвено светло (1.366) и управување нерегистрирани возила (425). Како најкритични точки каде најмногу се „дивее“ се издвојуваат излезот од Скопје кон Тетово со 4.300 прекршоци и булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска) со 3.000 регистрирани прекршоци.


