во ,

Од порно-империја до нафтен гигант: Екс-сопственикот на „Pornhub“ сака да го купи „Лукоил“!

Од „Pornhub“ до нафтени платформи: Австрискиот тајкун Бернд Бергмаир поднесе барање до САД за купување на империјата на „Лукоил“

Австрискиот претприемач Бернд Бергмаир, поранешен инвестициски банкар во „Голдман Сакс“ и некогашен мнозински сопственик на контроверзната групација „MindGeek“ (која стои зад најпосетуваните сајтови за возрасни како Pornhub, RedTube и YouPorn), официјално се обратил до Министерството за финансии на САД. Неговото барање е јасно: дозвола за преземање на меѓународниот имот на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, кој е принуден на продажба поради американските санкции. Бергмаир за медиумите потврди дека овие средства се „одлична инвестиција“ и дека секој би бил среќен да ги поседува, иако одби да навлегува во детали за структурата на потенцијалниот договор.

Давид против Голијат: Ќе успее ли со 1,2 милијарди да купи имот вреден 22 милијарди евра?

Супер Попуст -25%

Економската логика на оваа амбиција е под знак прашалник. Според податоците од 2021 година, богатството на Бергмаир се проценува на околу 1,2 милијарди фунти, додека меѓународното портфолио на „Лукоил“ (бензински пумпи, рафинерии во Европа, нафтени полиња во Ирак, Мексико и Азија) вреди најмалку 22 милијарди евра. Ова отвора шпекулации дали тој планира да купи само мал дел од имотот или пак настапува како лице на поголем конзорциум. Во трката за „Лукоил“, Бергмаир ќе мора да се натпреварува со западните енергетски титани како „Exxon Mobil“ и „Chevron“, кои исто така „ги меркаат“ атрактивните средства на руската компанија.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Солзи радосници на каса“: Момче од Загреб им ги плати сметките на пензионерите

„За танго се потребни двајца“: Трамп претпазлив по средбата во Москва, Украинците летаат за Флорида