во ,

„Рудник“ во стомакот: Девојка (26) проголтала 1,5 килограми накит и пари!

Лекарите во шок: Извадиле 1,5 килограми накит и монети од желудникот на 26-годишна девојка која се жалела на болки

Руни Катун (26) од Западен Бенгал, Индија, била итно примена во болница во тешка состојба, со симптоми на повраќање и екстремна истоштеност. Иако медицинскиот тим веднаш сфатил дека се работи за сериозен случај, вистинската причина за нејзините маки била откриена дури на операционата маса. Хирурзите останале запрепастени кога од нејзиниот стомак почнале да вадат неверојатна количина на метални предмети, чија вкупна тежина изнесувала дури 1,5 килограми.

Биланс на операцијата: 69 ланчиња, 80 обетки и клучеви

Супер Попуст -25%

За време на интервенцијата која траела еден час и 15 минути, лекарите отстраниле вистинска „златарница“: 69 ланчиња, 80 обетки, 46 монети, осум медалјони, четири клучеви, пет нараквици и еден бројчаник од часовник. Меѓу предметите имало и скапоцен златен накит. Мајката на девојката подоцна признала дека забележала како вредни работи исчезнуваат од дома и од продавницата на нејзиниот брат, но немала поим дека ќерка ѝ ги голта. Пациентката била толку слаба што по операцијата морала да биде ставена на посебен режим на исхрана.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мислел дека е играчка, а донел воен дрон дома: Бизарна случка во Молдавија крена полиција на нозе!

Си-Ен-Ен: Македонија е новата ѕвезда на Балканот, Охрид е круната на земјата!