
Американската морнарица повторно пукаше: Четворица убиени во напад врз брод за дрога во Пацификот, билансот на жртви се искачи на 90
Јужната команда на САД (SOUTHCOM) потврди дека американската војска извршила нов смртоносен напад врз пловен објект во источниот Пацифик, за кој се сомнева дека превезувал наркотици по позната шверцерска рута. Во акцијата се убиени четири лица, кои американските власти ги класифицираа како „машки нарко-терористи“, тврдејќи дека бродот бил управуван од страна на назначена терористичка организација. Ова е само последен во низата агресивни воени потези на САД во последните неколку месеци, фокусирани на пресретнување пловила во Карибите и Пацификот.
Пентагон пркоси на ОН: „Тукушто почнавме да ги праќаме на дното на океанот“
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Медиумските извештаи откриваат загрижувачка статистика – досега во ваквите операции, за кои честопати не се презентираат јавни докази, убиени се речиси 90 лица. Овие акции предизвикаа остри критики од експертите за човекови права на ОН, кои ги карактеризираат како „вонсудски убиства“ и кршење на меѓународното право. Сепак, шефот на Пентагон, Пит Хегсет, останува бескомпромисен во својата реторика, најавувајќи дека ова е само почеток на уште пожестока кампања: „Тукушто почнавме да напаѓаме нарко-бродови и да ги ставаме нарко-терористите на дното на океанот“, порача тој.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден







