
Зеленски повлече црвена линија во Лондон: „Немаме уставно право да отстапиме територија на Русија“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски останува непоколеблив во својот став – територијални отстапки не доаѓаат предвид. На клучниот состанок во Лондон со европската „тројка“ (британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и новиот германски канцелар Фридрих Мерц), Зеленски категорично ги отфрли деловите од американскиот мировен план кои подразбираат губење на територија. „Според законот, немаме никакво право на тоа – ниту според Уставот на Украина, ниту според меѓународното право“, дециден беше Зеленски, нагласувајќи дека таквите барања се правно и морално неодржливи.
Ревидиран американскиот план: Исфрлени „антиукраинските“ точки, документот скратен на 20 члена
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Оригиналниот план на САД, кој предизвика бурни реакции кон крајот на ноември поради наводната наклонетост кон руските барања, претрпе значителни измени по притисокот од Киев. Документот е скратен од 28 на 20 точки, при што, според Зеленски, „отворено беа исфрлени антиукраинските ставови“. Оваа ревидирана верзија сега се враќа назад во Вашингтон на разгледување. Веднаш по Лондон, Зеленски замина за Брисел на координација со НАТО и ЕУ, од каде Урсула фон дер Лајен порача дека целта останува иста: „Силна Украина и на бојното поле и на преговарачката маса“.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден








