
Зимата почека: Продолжува „пролетната“ атмосфера со температури до 16 степени
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) потврдува дека периодот на стабилно и релативно топло време продолжува и денеска (10.12.2025). Денот ќе биде сончев со мала до умерена облачност, која ќе биде поизразена во утринските часови, но ќе се намалува како што одминува денот. Ќе дува само слаб ветер од северозападен правец, што придонесува за пријатното чувство. Температурите остануваат невообичаено високи за декември, со утрински минимум од -3 до 4 степени и дневни максимуми кои ќе се искачат меѓу 11 и 16 степени.
Скопје: Утринска магла, па сончев ден
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Во главниот град, утрото носи услови за појава на слаба магла по делови од котлината, но во текот на денот се очекува сончево време со температури до 13 степени. Ваквиот тренд на стабилно време без врнежи и со натпросечни температури ќе се задржи и во наредните денови, што е идеално за активности на отворено, иако утрата ќе потсетуваат дека сепак календарски сме пред зима.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден








