
Трампов зет гради „Балкански Малибу“: Што ќе никне на мистериозното воено острово Сазан?
Островот Сазан, некогашна тајна воена база и „ничија земја“ на влезот во Валонскиот залив, наскоро може да стане игралиште за светската елита. Албанската влада подготвува договор за закуп на 99 години со Џаред Кушнер (зет на Доналд Трамп) и Иванка Трамп, кои планираат инвестиција од над 1 милијарда долари за трансформација на ова диво парче земја во супер-луксузен ресорт.
Како започна сè?
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Љубовта кон Сазан се родила пред четири години за време на летен одмор. Клучна фигура во приказната е Аурон Таре (сегашен директор на Службата за крајбрежје), кој организирал ексклузивна тура за парот Кушнер-Трамп, вклучувајќи ручек со премиерот Еди Рама. Рама, кој лично го познава Доналд Трамп, го пречекал проектот со раширени раце, гледајќи шанса за привлекување капитал од САД и Блискиот Исток.
Што предвидува планот?
Кушнер, поддржан од саудиски капитал, планира драстична трансформација на островот кој сега е дом на зајаци, желки и стари борови:
Луксузни хотели и приватни вили.
Ексклузивна марина и хелиодром.
„Ексклузивна рекреативна зона“ за илјадници богати гости. Освен Сазан, планот вклучува и развој на Звернец (полуостров кај Валона).
Еколозите бијат тревога: „Ќе потонеме под бетон“
Додека власта ветува „нова ера“, еколозите се ужаснати.
Орнитолозите предупредуваат: Лагуната кај Валона е клучна точка за миграција на птиците во Медитеранот.
Бетонизација: Активистите стравуваат дека Албанија ќе стане „перална за пари“ и дека непромислената градба на нестабилен терен (како Карабурун) може да доведе до катастрофални свлечишта.
Затворен клуб: Експертите се сомневаат дека локалното население ќе има корист, предвидувајќи „ексклузивни населби од затворен тип“ каде обичниот човек нема да има пристап.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден








