
Катица Јанева е на слобода: Екс-специјалната обвинителка го напушти „Идризово“ и си замина дома
Поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева, од почетокот на неделава повеќе не е зад решетки. Директорот на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски, потврди дека Јанева добила условен отпуст и веќе го напуштила казнено-поправниот дом. Таа беше осудена на 7 години затвор за случајот „Рекет“, од кои во „Идризово“ помина 4 години, а во казната ѝ беше засметано и времето поминато во притвор.
Од „Рекет“ до слобода: Условите за отпуст
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Иако е пуштена дома, Јанева сè уште има правни обврски. Директорот Јовановски појасни дека таа мора редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје сè додека целосно не ѝ истече седумгодишната казна. Ова следува откако лани таа ја изгуби привилегијата да излегува преку ден за да работи во адвокатската канцеларија на нејзиниот син, бидејќи контролите на Управата за санкции утврдиле дека таа ја злоупотребувала довербата и не се појавувала на работното место.


